„На божиќно утро, сонливо...“: Северина сподели како го слави Божиќ со синот Александар и ја разнежни јавноста (ФОТО)
Новогодишната еуфорија го зафати целиот свет, а кај верниците од католичка вероисповед, прво доаѓа Божиќ.
Нема поубав период од годината од оној што е пред нас. Божиќ и Нова Година се синоним за семејни дружења, прослави и само позитивни мисли.
Многу познати личности ги користат овие денови за да ги поминат со своите сакани, а некои од нив сакаат и да ги покажат своите празнично украсени домови и идилични атмосфери.
Една од нив е Северина Вучковиќ која најпрвин ни покажа како изгледа нејзината новогодишна елка каде што позира во незаборавен бел фустан, а потоа објави фотографија со синот и на своите следбеници им покажа како тие двајца го слават Божиќ.
Новогодишни пижами, раскошна елка и многу украси во златни тонови се само дел од топлата семејна атмосфера во домот на Северина и нејзиниот син Александар.
– Божиќно утро, сонливо и долго – напиша Северина под објавата.
Пејачката објави фотографија на која двајцата се прегрнати, а на објавата коментираа бројни познати личности, меѓу кои Наташа Беквалац, Ана Бекута и Калиопи.
А објави и фотка со пријателите и фамилијата.
Стил на денот: Северина го дочека Божиќ во прекрасен бел фустан со голи раменици како по мерка