На изненадувањата никогаш крај! MAC доаѓа во FABUspot East Gate
За љубителите на MAC
козметиката имаме уште едно
изненадување. Отсега, овој бренд може да се најде во склоп на парфимеријата FABUspot
во трговскиот центар East
Gate.
MAC е оригинален, модерен бренд чија креативност, квалитет и уметност го направи водечки мејк-ап бренд на глобално ниво. Застапен во повеќе од 120 земји во светот, сега доаѓа и во најголемиот трговски центар кај нас. Тој ја слави различноста и индивиуалноста, наменет за сите возрасти, раси и полови. Пристапот уште од самиот почеток е шик и урбан. Во разноликиот асортиман може да пронајдете голем избор на мејк-ап производи за сите типови и нијанси на кожа, односно широка палета на производи за очи, усни и лице. Во една година, MAC може да пласира и до 50 нови колекции, што значи дека секој месец може да очекувате новитети или лимитирана колекција.
На сите MAC продажни места се наоѓаат професионални мејк-ап артисти кои со вас ќе ги споделат сите трендови и новитети во мејк-ап светот.
Оваа сезона, на продажните места на MAC пристигна „Box Of
Tricks” Празничниот календар!
„Box Of
Tricks” е навистина полн со трикови и изненадувања со дури 24 поклони. Се работи за
календар кој содржи големи и мали MAC производи на кои не можете да одолеете.
Календарот
е достапен од 5. ноември во продажните места на MAC во Скопје (East Gate Mall).
Се гледаме во FABUspot!
ПР објава