На пат е 11-то дете: Мајка на 10 деца го откри нејзиниот трик на штедење

За 12 години брак родила десет деца, а единаесеттото ќе пристигне во декември ...

Невообичаена животна приказна на Американка која го чека своето 11-то дете на 36-годишна возраст, а нејзината желба е да има уште едно!

Кортни Роџерс се омажила за свештеникот Крис Роџерс (32) во 2008 година, со кого за 12 години брак доби десет деца - шест момчиња и четири девојчиња. Но, тоа не е крај. На пат е нивното 11-то дете!

Оваа весела русокоса е во 33-та недела од бременоста, а парот очекува девојче кое, ако сè оди според планот, би се родило на 19 декември. Тоа ќе биде нивното прво бебе родено во зимските месеци, па затоа Божиќната прослава ќе биде многу посебна поради тоа. Кортни и Крис, патем, трошат повеќе од 50.000 денари секоја година за купување божиќни подароци за децата.


"Драго ни е што повторно чекаме бебе. Бев нервозна на почетокот на бременоста затоа што имав два спонтани абортуси во првиот триместар, но сега сум во 33-та недела и сме многу возбудени. Едвај чекам да го држам нашето бебе во раце", изјави Кортни за „Sun“.  Магазинот наведува дека оваа мајка не се придржува до упатствата на СЗО, помеѓу две раѓања  да поминат од 18 месеци до две години.

"Немаше компликации и цело време се чувствував добро, иако терминот за раѓање на ова бебе е ист како оној што го изгубивме пред четири години. Ми олесна кога го слушнав нејзиното чукање на срцето“, рече таа.


Толку големо семејство е извор на огромна радост, но предизвиците се исто така големи. Првенствено, тие се финансиски. Како што вели, тие трошат околу 60.000 денари месечно на храна, ги образоваат своите деца дома, а за превоз користат комбе со 15 седишта. Тие направиле план за заштеда оваа година, па решиле да не јадат повеќе надвор, што значително им ги намалило трошоците.

Заради обврските околу децата, овие родители можат да си дозволат само една прошетка годишно.

 Мама Кортни станува секое утро околу 7:30 часот и подготвува појадок, кој се служи околу осум часа. Постарите деца пишуваат домашни работи и помагаат во средувањето после појадокот и пред почетокот на часовите. Тие подготвуваат сендвич за ручек или го јадат остатокот од вечерата.


"Ние сакаме да имаме 12 деца, односно семејство со 14 члена. Мојот сопруг е најстариот од десет браќа и сестри, па затоа се договоривме пред венчавката дека ќе имаме барем исто толку деца “, истакна Кортни.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Крива сум што сум заљубена во човек чие дете ме има за маќеа: Зорица за посинокот и титулата која важи за негативна