На познатата водителка ѝ се слошило од салата: Мислела дека е поради глутенот, а дознала дека ја има најсмртоносната болест на светот

Добивај вести на Viber

Кога Марија почувствувала надуеност и болки кои ги опишала како „како да ќе експлодира одвнатре“, се обратила кон лекарите. Тие првично ги отфрлиле нејзините симптоми, па затоа водителката решила да побара помош во друга болница

Откако се појавија болки во стомакот во 2022 година, атлетичарката, актерка и водителка Марија Менунос (45) отишла на лекар. Болката започнала откако јадела салата составена од пченица „фаро“, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите пченици“. Тоа е храна која се користи за салати, каши за појадок или како додаток на зеленчук. Познато е како здраво цело зрно, а полно е со влакна, железо и протеини.

Сето тоа се случило во текот на летото минатата година. Кога Марија почувствувала надуеност и болки кои ги опишала како „како да ќе експлодира одвнатре“, се обратила кон лекарите. Тие првично ги отфрлиле нејзините симптоми, па затоа водителката решила да побара помош во друга болница. Таму била испратена на скенирање, а резултатите откриле дека боледува од еден од најсмртоносните облици на рак - рак на панкреасот. Ракот бил во втор стадиум.

Мислев дека сум нетолерантна на глутен

„Мислев дека проблемот е во салатата. Бев сигурна дека морам да станам нетолерантна на глутен и дека мојот стомак не го поднесува тоа добро“, изјави водителката која не ја откри така лесно болеста. Таа претходно направила ендоскопија и колоноскопија, а потоа и скенер. Сите резултати беа добри и ништо не укажуваше на здравствен проблем. Лекарите го опишаа нејзиниот панкреас како „незабележителен“.

Сепак, симптомите продолжиле. Марија страдала од дијареа, а во ноември 2022 година болката станала неподнослива. Затоа во јануари отишла на лекар и побарала скенирање на целото тело. Тогаш и бил дијагностициран, а лекарите рекле дека претходните снимки го пропуштиле резултатот бидејќи „не биле толку јасни како скенирањето на целото тело“.

Итно била префрлена на операција и во февруари 2023 година, туморот бил хируршки отстранет, заедно со дел од панкреасот и дел од слезината и 17 лимфни јазли. Ракот не се проширил во нејзиното тело и не ѝ било потребно дополнително лекување. Марија сега се чувствува добро, но продолжува да внимава на симптомите. Решила да ги запише сите вознемирувачки чувства во книга за да може да ги следи промените.

Кога објави фотографија во бикини на Инстаграм, се осврна на лузните од операцијата. „Размислувам за операцијата што ја направив на почетокот на оваа година и благодарна сум на силата со која Бог ме благослови за да го пребродам ова и секако, сите прекрасни луѓе што ги испрати да ми помогнат! Сега ги гледам лузните што ги имам внимателно заштитете се од сонце и насмевнете се“, напиша убавата водителка и додаде дека нејзината ќерка е „нејзиниот најдобар лек“.

„Сакам да ја научам дека најважното нешто во нејзиниот живот е да биде здрава, а потоа може да постигне и да прави сè што сака. Мислам дека моето следно поглавје во животот ќе биде најздраво, бидејќи бев принудена навистина да го преиспитам моето здравје на толку длабок начин.Тоа го смени текот на се“, изјавила Марија.

Симптомите на рак на панкреасот се суптилни

Ракот на панкреасот обично не се открива до подоцнежните фази, кога болеста е напредната, што го отежнува понатамошниот третман. Тоа е затоа што ретко предизвикува какви било симптоми во раните фази, а предупредувачките знаци може да бидат толку суптилни што погрешно се помешаат со помалку сериозни состојби.

„Ние сме многу благодарни на Марија и на нашите други пациенти кои толку храбро ги споделуваат своите приказни за да ја подигнат свеста за важноста на раното откривање. Ракот на панкреасот предизвикува малку симптоми во раните фази бидејќи расте длабоко во стомакот. Најчестите симптоми кои можат да се појавуваат болки во стомакот и проблеми со дебелото црево. Тие лесно може да се припишат на други здравствени проблеми“, рече д-р Џули Флешман, претседател на Мрежата за акција за рак на панкреасот.


Извор: најжена.рс

Фото: Инстаграм