Ако сакате да ја избелите својата облека на природен начин тоа можете да го направите со лимон.
За таа цел треба да измешате половина чаша сок од лимон со 3-4 литри зовриена вода. Потопете ја облеката во растворот. Не го користете ова за свила, најдобро е за памук и текстил. Оставете ја облеката потопена од 1 час до цела ноќ, во зависност од тоа колку треба да се избелат алиштата. Кога ќе бидат готови, облеката можете да ја исперете во машина како и обично.