На сила ме омажија кога имав три години за дедо: Гледав пијани оргии, а потоа ја дознав морбидната вистина и каде живеам
Серена Кели имала само три години кога ја ставиле во скутот на „дедо“. Таа се намуртила од непријатниот мирис на седокосиот маж. Тој ѝ дал прстен кој го симболизирал нивниот „брак“ кажувајќи и на Серена дека имаат „заедница“ и дека таа ќе биде „засекогаш негова“.
Во 1986 година, Серена имала само три години кога била „венчана“. Прстенот наменет за неа бил толку голем, а таа била мала и немоќна да одолее на ужасот што ѝ се случува, што ѝ го залепиле прстенот на прстот.
Серена е родена во озлогласениот култ „Божји деца“ предводен од Дејвид Берг, кого го памети како дедо. Култот е основан во 1968 година и имал 13.000 членови во 130 заедници ширум светот.
Избрана
„Мајка ми беше важен член“, се присетила Серена во интервју за „The Sun“.
„Водачот на култот ми рече дека сум една од „избраните“, заедно со едно постаро момче по име Рики. Како членови на внатрешниот круг на култот, живеевме во луксуз. Берг ги пресели „Божјите деца“ на Филипините, а ние живеевме во вили со базени и тениски терени. Но, зад сиот луксуз, живеев многу мрачен и трауматичен живот“.
Пијани оргии
„Се симнував во заедничките соби каде што налетував на пијани оргии. Бев премногу млада за да разберам, но гледав работи кои длабоко ме вознемируваа. Понекогаш ме тераа да танцувам и да се соблекувам пред камерите. Брзо научив дека нема да ме снимаат ако плачам. Ќе бев казнета поради тоа, но вредеше за да не ме снимаат. Постепено се повлекував бидејќи бев очајна со желба да не ме забележат“.
Кога Серена имала пет години, нејзината мајка ја разбудила среде ноќ и ѝ кажала дека заминуваат.
„Возевме до аеродромот, по што следеше лет за Јапонија. Култот често беше под истрага за злоупотреба на деца, па тајноста за највисоките членови стана неопходна. Во Јапонија бев ставена под старателство на Дора и музичарот Џереми Спенсер. Од овој момент па натаму, ретко ја гледав мајка ми“.
Криење
Само една година подоцна, Дора и Џереми го преселиле семејството на имот во Бразил.
„Дора ми кажа дека никој не може да знае дека сум таму. На раѓање ми го дадоа името Мери-Дер, но ме преименуваа во Серена. Животот беше тежок и честопати добивавме тешки рачни работи, како чистење на четки за заби во бањата. Во други случаи, нè праќаа да просиме или да пееме Божиќни песни за пари од локалното население.
Во 1994 година, кога имала 12 години, Дејвид Берг починал, а неговата вдовица Карен ги презела Божјите деца и ги олабавила правилата за интеракција со странци.
Серена се сеќава: „Децата на нашите соседи нè гледаа преку ѕидот и еден ден нè поканија да им се придружиме на фудбалски натпревар. Кога растев, ми кажаа дека сите аутсајдери се обожаватели на ѓавол, но како што поминував повеќе време со моите соседи, сфатив дека тоа не е вистина“.
Серена живеела во Бразил шест години, каде што нејзината мајка била шеф на јужноамериканскиот оддел на култот.
Страшната вистина
„Еден ден ја прашав дали би ме убиела ако Бог ѝ каже така. Кога таа рече да, сфатив дека не сум безбедна со мајка ми и ветив дека ќе заминам штом ќе наполнам 18 години. Мојот пријател од детството Рики веќе избега и водачите ни кажаа дека станал плен на демон и да се молиме да му се случат лоши работи.
За време на последните години на Серена во култот, таа била испратена во Мексико да живее со нејзината мајка.
„Добив репутација на проблематична девојка и построгите правила во Мексико беа дизајнирани да ме држат под контрола“. Но, како што си ветив, ја спакував торбата штом наполнив 18 години. Мајка ми ми рече дека ако заминам никогаш нема да можам да се вратам. Со само 120 фунти на моето име, заминав за САД. Еден поранешен член на култот ми ја понуди својата софа, а друг поранешен член ми даде работа“.
Животот надвор од култот
Серена признава дека животот надвор од култот бил огромен културен шок, но била среќна.
„Немав банкарска сметка, возачка дозвола или каква било форма на лична карта, но мојата новооткриена независност се чувствуваше како неверојатен луксуз. За прв пат имав своја облека и што е најважно, свој простор. И покрај се, во 2013 година отидов на универзитет и почнав да студирам корпоративна комуникација. И после тоа добив неколку високо платени работни места во корпоративниот свет. Но, колку и да бев успешна, не можев да ја игнорирам мојата потреба за лекување. Пред четири години почнав со советување за траума специјална за поранешни членови на култот.
„Ја споделувам мојата приказна не само за да ми помогне да го прифатам моето минато, туку и да ми ја врати моќта. Повеќе не се срамам“.
Foto:Serena Kelley / screenshot
Извор: жена.блиц.рс