НА СВИРЕП НАЧИН И СО УМИСЛА ГИ ЛИШИЛ ОД ЖИВОТ МАЛОЛЕТНАТА ВАЊА И ПАНЧЕ - Обвинителството поднесе обвинение за Палчо

Добивај вести на Viber

Вања Ѓорчевска е лишена од живот со умисла и на свиреп начин. Ова го тврди Обвинителството, кое денеска поднесе обвинение за Љупчо Палевски Палчо, кој е првоосомничено лице. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:

– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,

– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и  едно кривично дело  –  Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

„Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази.

Детали на Фактор тука.