На тоа „северна“ ќе бидам горда кога ќе влеземе во ЕУ: Тамара со јасна порака во Брисел
Тамара Тодевска вели дека е воодушевена од инспиративните жени што ги запозна на настанот „Европјани кои прават разлика“.
Таа деновиве претстојуваше во Брисел, заедно со уште неколку дами од Западен Балкан кои со своите приказни се инспирација за сите.
„Прекрасно е да бидеш опкружен од толку инспиративни жени. Ние жените треба да се поддржуваме една со друга и да веруваме една во друга. Заедно сме посилни и заедно можеме да го смениме светот. Кој друг ако не ние?“, напиша Тамара на социјалните мрежи.
За Женски магазин, поп-ѕвездата го раскажа разговорот со водителката на настанот.
„Интересно беше Кога водителката ме праша: Дали си горда (PROUD) што ја претставуваше твојата земја Северна Македонија на „Евросонг“? Бев директна и ѝ одговороив: За тоа „северна“ (north) ќе бидам горда кога ќе влеземе во ЕУ“, ни раскажа
Тамара.
Целта на целиот настан е Европската Унија да се направи посилна и попросперитетна, а токму затоа за главни протагонистки на кампањата се избрани Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Наташа Ковашевиќ од Србија, Детина и Аргита Зали од Албанија, Мерка Никчи од Косово, Маја Рајчевиќ од Црна Гора и нашата Тамара.
Избраните жени од Западен Балкан се оние кои ги поместуваат границите, кои инспиририраат и ги отвараат вратите едни за други, е уште една цел на оваа кампања во која Тамара со радост се вклучи.
М.Џ.
Бевме другари седум години, ме побара за жена по 40 дена: Љубовната приказна на Тамара и Александар