Актуелно // Insta вести
„На времето кога имаше вистински папараци“: На Лила ѝ недостасува да ја „ловат“
Водителката Лила Филиповска постојано е присутна во медиумите поради најразлични телевизиски или активности на социјалните медиуми, па секогаш е присутна со причина.
Така и овој пат, Лила се потсети на едно поубаво време како што и таа самата вели: „На времето кога имаше вистински папараци“.
На фотографијата Лила е облечена во црна маица и панталони со голема црна чанта, а изгледот го надополнила со очила за сонце.
Во денешно време кога се е достапно и кога познатите својот приватен живот без проблем им го покажуваат на своите следбеници, поради бизнис, или едноставно така одлучиле, се губи смислата на папараците.
Но ете на Лила е носталгична па можеби и недостасуваат насловните страници од некогашните македонски таблоиди.
Фото: Инстаграм