Над 45 години не треба да се облекувате вака: Изгледате смешно во оваа облека, без разлика колку сте згодни!

Добивај вести на Viber

Некои знаци на стареење едноставно не можат да се сокријат

Кога станува збор за модата, предноста на жена постара од 45 години е што идејата за нејзиниот стил е веќе формирана, мислењето на другите веќе не е толку важно, а дамата е самоуверена и знае како да носи парчиња што добро и прилегаат.

Сепак, дури и на најдобрите им се случува да ги направат следниве грешки, што прават да изгледаат смешно, а понекогаш и вулгарно!

1. Светла шминка

Употребата на декоративна козметика во премногу светли нијанси може да изгледа бунтовно и привлечно, но по 45та сепак е подобро да се свртиме кон природноста. Мирни нијанси на ладни или топли бои деликатно ќе ги нагласат вашите најубави црти на лицето.

Користете производи со светки внимателно, како што се сенки во бисерна боја. Средината на четириесеттите години е време да се заборави на производите за самопотемнување, како и прецртување надвор од контурите на усните.

2. Животински принт

На оваа возраст, обичните обоени ткаенини изгледаат најдобро. Дизајните на диви животни треба да се дозираат многу внимателно. Ако не сакате да се откажете од овој популарен принт, носете го со едноставни парчиња.

3. Облека со погрешна големина

Хармонијата и рамнотежата се најважните правила. Baggy моделите нема да ви помогнат да ги скриете недостатоците, напротив, тие дополнително ќе ги истакнат. Не е најважно да ги следите трендовите, туку да го носите она што добро ви одговара, а такви парчиња сигурно има многу.

4. Мини здолниште и премногу длабоко деколте

Годините најмногу издаваат во рацете, колената и вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до пети, но дефинитивно е време да заборавите на мини здолништа и длабоките деколтеа. Што се однесува до должината на здолништето или фустанот, најдобар избор се миди моделите или оние кои се веднаш над колената.

5. Нов начин на комбинирање

Ако имате повеќе од 45 години, не значи дека треба да ја фрлите комплетната гардероба. Вие само треба да ја вклопите поинаку. На пример, отсега носете фармерки со пуштена кошула, наместо маица навлечена во панталоните...

извор:stil.kurir.rs

-Женски совет: Како да не изгледате вулгарно без градник?
-(ФОТО) Овие 12 модни парчиња се џабе фрлени пари: Во нив ќе изгледате смешно!