Најдобриот трик за блескав шпорет: Ги отстранува сите дамки и маснотии во секунда, тајната е во две работи што веќе ги имате дома
Потребни ви се две работи и малку трпеливост!
Шпоретот е често еден од најнепопуларните апарати за чистење во домаќинството. На него подготвуваме разни вкусни јадења, слатки и солени, но моментот на невнимание доведува до вриење на нашата храна, истурање и создавање на маснотии насекаде.
Како да исчистите шпорет, но без силни хемикалии? Потребни ви се само две работи што веќе ги имате дома!
Ако вашиот шпорет изгледа дури и вака, не срамете се, тоа се случува, тоа значи дека го користите често и со задоволство.
Земете сода бикарбона и посипете на сите делови што имаат дамки. Потоа наполнете шише со спреј со бел оцет, разреден со вода. Попрскајте ги сите места каде е содата и оставете да стои.
За секој случај, заштитете ги рацете со ракавици, а потоа истријте ги посилно тврдоглавите дамки по петнаесетина минути.
После тоа, само треба да избришете со влажна крпа и да го исушите, а шпоретот ќе изгледа како нов! Нема потреба од упорно триење и триење, дамките ќе исчезнат затоа што се растворени со хемиска реакција на сода и оцет.
извор:mondo.rs