Најпознатата богаташка стана мајка по вторпат: Нема да верувате какво име избра Парис Хилтон за своето ново бебе
Фото: Инстаграм
Парис Хилтон доби ќерка, а името што ѝ го даде го смислила пред десет години и е многу необично
На Денот на благодарноста, Парис Хилтон објави фотографија која тотално ги збуни нејзините обожаватели, пишувајќи како е „благодарна“ за нејзината ќерка.
На никого не му беше јасно дали бебето е на пат или веќе се родило, а потоа таа дополнително појасни во коментар на „TikTok“, додавајќи: „Мојата принцеза пристигна!!“
Таа ја сподели оваа среќна вест со своите следбеници и објави фотографија со розова облека и бебешка играчка. Она што привлече посебно внимание е везениот знак на кој пишува Лондон. Иако веста за доаѓањето на нејзиното второ дете беше прилично изненадувачка, самото име не беше.
Во една епизода од нејзиниот подкаст, Хилтон рече:
„Навистина сум возбудена што Феникс еден ден ќе добие сестра по име Лондон“. Тоа е мојот омилен град и отсекогаш сакав да ја именувам ќерка ми Лондон“, рече таа.
„Всушност го избрав тоа име веројатно пред повеќе од 10 години“, додаде таа.
Парис, која го добила името по главниот град на Франција, очигледно сакала да ја задржи традицијата на именување на децата по големи градови. Ова е нејзино второ дете со сопругот Картер Реум (42). Во јануари, парот го доби синот Феникс, исто така преку сурогат мајка.
„Исто како што Ибица би била толку чудна како име на момче, така и Вегас би бил чуден. Тешко е да се најде кул име на град како име за момче“, рече таа тогаш.
Извор: stil.kurir.rs