Џина Стјуарт (48) од Австралија која минатата година се закити со титулата најсекси баба на светот, објави календар на кој позира топлес. Своето, како што самата вели, ремек-дело го најави минатото лето и го нарече Almost naked.
Џина ужива неверојатна популарност, особено на социјалните мрежи каде најчесто објавува провокативни фотографии со кои сака да порача дека и бабите изгледаат „жешко“. Таа неодамна најави дека наскоро планира да ги извади силиконските гради за фановите да ја доживуваат поприродно.