Најскапата прослава на Балканот: Детали за свадбата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ
Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ периодов беа актуелни со свадбата на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ, како и за веста дека тие наскоро ќе станат родители.
Сепак и покрај големот број свадбени прослави на познатите, свадбата на Лепа и Боба, се уште важи за најскапата свадба на Балканот.
Парот наскоро ќе прослави 27 години брак, а и ден денес постојат детали кои се уште се издвојуваат како посебни за нивната прослава. Поканите за свадбата имаа „ББ“ монограми испечатено на нив, а постоеја гласини дека нивни обожаватели се обиделе да откупуваат покани, со цел да бидат дел од прославата.
Бидермаерот заврши во рацете на нејзината блиска пријателка и позната пејачка Драгана Мирковиќ, додека гостите ги забавуваше Ванеса Шокчиќ. Свадбата која во тоа време чинеше 50. 000 германски марки, беше дирекно пренесувана на телевизија, односно бил прекинат „Дневник 2“.
На прославата не беше поканет ниту еден политичар, а главниот дел од програмата го водел Саша Поповиќ, кој на самиот почеток ги поканил присутните гости да се приклучат на ората.
Биле спремени 650 видови јадења, 22 прасиња и голем број коктели. Свадбената торта била на 5 нивоа, а поклоните во плико пристигнувале во нивниот дом од сите краеви на светот. Тогаш се шпекулираше дека добиле и уметничка слика, која чинела колку половина свадбена прослава.
Медиумите пишуваа дека астролошки датата на склопување на бракот била идеална, а парот се пример дека разбирањето, почитта и љубовта се неопходни, но и доволни за да се премине секоја препрека и да се зачува идеалниот брак.