Најтажната принцеза во Европа повторно се смее: Шарлин од Монако конечно ги прегрна децата, ден пред Божиќ

фото:instagram

Ден пред Божиќ, во пресрет на празниците, принцезата Шарлин го видела своето семејство, кое ја посетило во медицинската установа во која престојува извесно време.

Според странските медиуми, возилото во кое биле принцот Алберт од Монако и неговите деца принцот Жак и принцезата Габриел биле видени на швајцарските Алпи. Тие отишле таму да ја посетат принцезата Шарлин од Монако, сопругата на Алберт и мајка на седумгодишниот принц и принцеза, со кои не се виделе пет недели.

Ова е и нивна прва средба откако Шарлин се врати во Европа во ноември по десетмесечниот престој во Јужна Африка, нејзината татковина, каде што престојуваше толку долго поради опасна инфекција на увото, грлото и носот, поради што неколку пати беше оперирана.

Оваа година Шарлин не ги прослави празниците како порано бидејќи веднаш по пристигнувањето во Европа го напушти Монако и беше сместена во неименувана медицинска установа бидејќи се уште е премногу исцрпена поради лекување.

„Подобра е, но и треба одмор и мир“, изјави тогаш за медиумите нејзиниот сопруг принцот Алберт. - Не е во Кнежевството, но наскоро ќе можеме да ја посетиме. Не можам да ви кажам повеќе, по моја дискреција. Постои замор, не само физички замор, кој може да се лекува само со одмор и следење.

Откако принцот сугерираше дека и менталното здравје на Шарлин е оштетено по долга борба против инфекција на увото, грлото и носот, нејзините пријатели, кои сакаа да останат анонимни, го осудија коментарот на Алберт.

- Не е фер што сега ја претставуваат како некој што има психички или емоционални проблеми. Не знаеме зошто Палатата го игнорира фактот дека таа за малку ќе умрела во Јужна Африка. Повеќе од шест месеци не можеше да јаде цврста храна поради сите операции низ кои поминала. Течност можела да зема само преку сламка, изгубила речиси половина од вкупната телесна тежина.

Шарлин неколку пати се огласи во текот на изминатата година за да изрази колку и недостасува семејството, а малиот принц и принцезата неодамна поставија табли на балконот на Националниот ден на Монако со пораки до нивната мајка, кои ги покажаа низ прозорецот додека фоторепортерите ги фотографираа.

„Ни недостигаш мамо“ и „Те сакаме мамо“ ѝ порачаа тогаш Габриел и Жак на својата мајка.

извор:GLOSSY

Шарлин од Монако: Како и зошто го доби прекарот - „најтажната принцеза во светот“?