Најубавата кралица во светот воодушевува во Белата куќа: Не е ни чудо што ја сметаат за модна икона, ниту Меланија не и е рамна

Добивај вести на Viber

Јорданската кралица Ранија е во официјална посета на Соединетите држави со нејзиниот сопруг кралот Абдула Втори, а по тој повод оваа убава дама се сретна со првата дама на Америка Џил Бајден во Белата куќа

Џил избра деловен бел фустан со должина под коленото, и го надополни со бела јакна и бели обувки со мали потпетици. Далеку поголемо внимание привлече убавата Ранија, која уште еднаш докажа дека со право ја носи титулата „најубава и најстилизирана кралица на светот“.

Кралицата на Јордан, која ќе го прослави својот 51-ви роденден во август, изгледаше фантастично во црвен фустан со средна должина, која го украси со широк црн ремен. 

Ременот ја истакна тенката половина на убавата кралица, а таа го комплетираше ова издание со уште неколку интересни детали – сатенска плико чанта, украсен брош со ориентален дизајн и светло-кафеави салонки изработена од превртена кожа. 

Ни се допадна ова елегантно и женствено издание на Ранија, а таа е позната по негувањето на елегантен, класичен стил кој ја слави женственоста. Таа секогаш е беспрекорно негувана во јавноста, а нејзините комбинации на облека се вистинска инспирација, особено за деловните жени.

Ранија е позната по својата убавина и беспрекорен стил, но за неа често се пишува како „највлијателната жена во арапскиот свет“ и како жена која иницираше промени во ова конзервативно општество. 

Таа е во брак со кралот на Јордан од 1993 година и токму таа влијаеше врз него да стане престолонаследник наместо неговиот вујко, што зборува многу за тоа колку е способна и колкава моќ има. Таа го запозна кралот Абдула, додека тој беше принц, во време кога таа работеше во главниот град Аман во технолошкиот гигант „Епл“, а следната година тие се зарекоа на вечна љубов еден кон друг.

Таа е многу образована - се школуваше на американски колеџ во Каиро и скоро три децении, поточно откако ја презеде функцијата, активно работи на охрабрување и подобрување на образованието на младите арапски жени.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)



„Дури една третина од почетните компании во арапскиот свет беа основани од жени. Тоа е повеќе отколку во Силиконската долина. Тоа покажува колку се храбри арапски жени и колку се фокусирани на својата цел, и покрај големите бариери во општеството", истакна еднаш Ранија.


Фото: Profimedia/Инстаграм/Кралица Ранија

Можеби ќе ве интересира:

Беше најубава девојка во Јордан, а тој принц кој никогаш не требаше да стане крал: Ова е нивната љубовна приказна