Најубаво облечениот македонски фудбалер заљубен во Милано: Столе Димитриевски со неговата девојка на романтично патување

Добивај вести на Viber

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски деновиве ужива со својата понежна половина на патување во Милано, Италија.

Инаку тој е во љубовна врска со Ирина Јанкуловска.

Патувањето во Милано ги искористил и за добар шопинг. На инстаграм се пофали со нови тени чевли.

Столе важи за еден од најдобро облечените мажи во нашата земја, и познат е по тоа што негува одличен моден стил.

Инаку Столе во моментов го носи дресот на фудбалски клуб Валенсија.

Фото: Инстаграм
РЖМ