Највреднуваната британска државна диплома за високо образование, сега достапна и во Скопје

Веќе 3-та година, македонските студенти имаат можност да бидат дел од образовен процес формулиран по британски терк, да учат под менторство на врвни британски професори, да се стекнат со британска државна диплома и да бидат дел од големото семејство на Лондон Метрополитен.

Лондон Мет е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон.

Дипломата стекната на Лондон MET е призната ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Скопје Метрополитан Колеџ е водечка високообразовна институција во земјава и овластен партнер на Лондон Метрополитан Универзитетот за територијата на РС Македонија и Балканот.

Највреднуваната британска државна диплома за високо образование, нешто што до сега беше само мечта на многу генерации кои заминаа од земјата, е сега достапна и во Скопје.

Скопје Метрополитан им нуди можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза.

Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата.

Информации за пријавување и условите за студирање се достапни на веб страната на универзитетот www.skopjemetropolitan.edu.mk, или на телефонскиот број 02 3140-004.


ПР објава