Најзгоден меѓу музичарите, а приватниот живот го крие како змија нозете: Далеку од дома славеше роденден

Добивај вести на Viber

Музичарот Владимир Четкар важи за еден од најзгодните и најпосакувани ергени на домашната сцена.

Вчера славеше роденден, но далеку од дома, дури во Флорида.

Моментално е на турнеја во Америка, а дека се чувствува среќно на денот на неговиот роденден сподели со следбениците на Фејсбук и им се заблагодари за честитките.



Сан Франциско, Флорида, Вест Палм Бич, Мајами, се само дел од местата каде ја забавуваше публиката.

Четкар, отсекогаш го крие приватниот живот. 

Во едно интервју за Женски магазин, тој не сакаше да открие никакви детали и реши приватноста до ден денес да ја зачува само себе.

View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Cetkar ( Четкар ) (@vladimir_cetkar)



„Најдобро нека си остане приватниот живот приватен колку што е тоа можно денеска“, рече музичарот.

Она за што со задоволство зборува е неговатра голема страст, велосипедизмот. Од центарот на Охрид до Свети Наум или до Струга, а попатно капење на омилените плажи е еден од омилените летни рутуали на познатиот охриѓанец.

View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Cetkar ( Четкар ) (@vladimir_cetkar)



„Возам велосипед бидејќи уживам во авантурата и слободата која тогаш ја имам. Не се трудам да постигнувам некакви рекорди туку едноставно уживам во тивкото патување и пејсажите кои постојано се менуваат околу мене. Каде и да одам првата прилика која ќе ми се пружи јас изнајмувам точак. Едно од подолгите возења ми биле од Атина до Епидаврос каде што возевме над 150 километри во текот на еден ден“, раскажа Четкар за својот велосипедски рекорд.


ФОТО: Инстаграм