Накова во новиот спот на ДНК: Во ова видео ќе има најмногу голотија

За новата песна со наслов „Ромео и Јулија“, дуото ДНК деновиве снима уште еден провокативен спот. Панчо и Андреј најавија дека една од главните улоги ќе ги има манененката Александра Накова. 

„Тоа ќе биде спот со најмногу голотија до сега“, изјави Панчо. Тој додаде дека во спотот ќе глуми и актуелната Мис на Македонија, Емилија Розман. 

„Жал ми е што не сме вака убави како сите вие. Доаѓаме директно од снимање на спот, немавме време да се дотераме. Но, Андреј е секако поубав од мене'“, рече Панчо на доделувањето на наградите на магазинот „Стори“ сношти, во скопскиот хотел „Александар Палас“. 

ДНК, заедно со Кристина Арнаудова, добија награда за хумано и општествено одговорни јавни личности. 

Манекенката Александра Накова веќе не се занимава со шоу-бизнис откако стана мајка на Леа. Накова пред извесен период се раздели од поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев и се врати во својот роден град, Гевгелија.

Накова со ќерката Леа