Намалени каматни стапки на потрошувачките кредити од Силк Роуд Банка

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од 01.04.2021 година изврши намалување на каматните стапки за потрошувачките необезбедени кредити за физички лица приматели на плата во Банката.

Имено, сите заинтересирани физички лица можат да аплицираат за потрошувачки кредити во максимален износ до 1.200.000 денари и рок на отплата до 10 години со фиксна каматна стапка за првите 24 месеци од 5.5%, односно 6.99% променлива каматна стапка по истекот на фиксниот период.

Исто така, извршено е намалување на каматните стапки и за „ЕДЕН ЗА СÈ – Кредит за сите ваши соништа“ кој е специјално наменет за рефинансирање на кредити од други банки или финансиски институции. Сега сите кредитни обврски апликантите можат да ги рефинансираат со пакетот на продукти „ЕДЕН ЗА СÈ“ со фиксна каматна стапка за првите 24 месеци од 5.2%, односно 6.99% променлива за остатокот од периодот на отплата и ниска стапка на вкупни трошоци (CВТ).

Промотивно до 30.06.2021 година сите примени апликации за кредити за физички лица се БЕЗ административни трошоци за исплата, како и без трошоци за проценка на имот за станбени и хипотекарни кредити.

Повеќе информации за новите услови на производите може да се добијат во некоја од експозитурите на Банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на профилите на социјалните мрежи на Силк Роуд Банка.

ПР објава