Исповед на доктор, првиот КОВИД-19 случај во Битола: Наместо да се браните од вирусот, се браните од злонамерни коментари

Единствениот случај на заболен од корона во Битола е доктор Христијан Трпчески, кој наиде на доза негативни и злонамерни коментари од неговите сограѓани.

Тој во фејсбук статус сподели детали од тоа како се чувствувал, кои биле неговите симптоми, како дознал, до како и што треба да направите ако вие се најдете во таа ситуација. 

Тој решил да сподели статус бидејќи како што вели самиот „ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд“, а покрај тоа вели:
„Кога ќе го добиете (вирусот) наместо да се браните кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.“

Инаку д-р Трпчески вели дека првите симптоми ги имал пред шест дена, а првиот тест за корона кој му бил направен бил негативен, во меѓувреме повторно имал висока температура и самиот инсистирал на втор тест - кој се покажал како позитивен на КОВИД-19.
А за крај советува:
„Со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење.“ 

Д-р Трпчески работи во болницата „Плодност“, а ова е неговиот статус во целост: