Наш е од Охрид, ама сега е главен на плажите во Албанија: И таму ги извади стомачните на мегдан

Добивај вести на Viber

Тој е најзгоден меѓу нашите музичари. Има глас, но и стас. Од убавиот Охрид е, а кој ако не - Владимир Четкар.

Иако есенва официјално е тука, тоа не го спречува Четкар да ги користи последните септемвриски денови за одмор на плажите во соседството.

Токму вчера сподели дека ужива на плажите во Албанија.



Но она што е интересно е што Четкар, отсекогаш го крие приватниот живот. 

Во едно интервју за Женски магазин, тој не сакаше да открие никакви детали и реши приватноста до ден денес да ја зачува само себе.

„Најдобро нека си остане приватниот живот приватен колку што е тоа можно денеска“, рече музичарот. Она за што со задоволство зборува е неговатра голема страст, велосипедизмот. Од центарот на Охрид до Свети Наум или до Струга, а попатно капење на омилените плажи е еден од омилените летни рутуали на познатиот охриѓанец.

„Возам велосипед бидејќи уживам во авантурата и слободата која тогаш ја имам. Не се трудам да постигнувам некакви рекорди туку едноставно уживам во тивкото патување и пејсажите кои постојано се менуваат околу мене. Каде и да одам првата прилика која ќе ми се пружи јас изнајмувам точак. Едно од подолгите возења ми биле од Атина до Епидаврос каде што возевме над 150 километри во текот на еден ден“, раскажа Четкар за својот велосипедски рекорд.


Р.Ж.М.