Нашата Тамара Котевска во друштво на Амал и Џорџ Клуни: Двете блескаат на Венецискиот филмски фестивал

Добивај вести на Viber

Корежисерката на „Медена земја“ рамо до рамо со светски признати режисери

Младата Тамара Котевска, која ѝ е позната на македонската јавност како корежисерка на „Медена земја“ деновиве е гостинка на 80-тиот Венециски филмски фестивал.

Токму од таму, Котевска сподели низа фотографии, на кои може да ја видиме во друштво на адвокатката и борец за човекови права Амал Клуни и нејзиниот сопруг, познатиот актер Џорџ Клуни.

- Толку сум почестена што ја запознав една од најголемите борци за човекови права- Амал Клуни - напиша режисерката, која за оваа пригода избра уникатна црнобела комбинација.