НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ПОВТОРНО ЗБУНЕТИ: Што ако во еден клас се пријават 21 ученик?

Добивај вести на Viber

По вчерашната најава на Министерството за образование дека до 10.септември училиштата треба да достават барања дека ги исполнуваат условите за работа, односно за реализација на наставата со физичко присуство, според протоколите кои ги утврди Комисијата за заразни боести, во редакцијата на Фактор пристигнаа низа прашања и од родители и од наставници, кои велат дека се збунети и не знаат што точно значи можноста која ја даде МОН.

-Слушнавме дека новата министерка за образование, Мила Царовска рече дека ако се формираат класови најмногу до 20 ученици и доколку училиштето ги исполнува условите за настава со физичко присуство дека така ќе може да се реализира новата учебна година. Но, што ако во еден клас има на пример пријавено 21 ученик за следење на наставата со одење во училиште. Дали во тој случај, тој ученик што е повеќе, ќе може да влезе во клас каде што на пример има пријавено 10, 15, 16 деца, односно помалку од 20. Ќе може ли такви комбинации да се направат. Понатаму, како ќе биде за останатите ученици кои ќе останат дома и ќе треба наставата да ја следат онлај. Дали ние како наставници ќе имаме можнкст додека предаваме во училиште, токму од училницата да бидеме поврзани и со нив и да биде сосема исто, како и тие да присуствуваат на часот. Или пак, ќе немаме таква можност, па онлајн настава ќе се одржува по часовите. Навистина сме збунети, и оваа неизвесност трае веќе подолго време, велат дел од наставниците од две основни и три средни училишта со кои поразговара Фактор.

Истата неизвесност останува и за родителите. Особено се загрижени оние кои сиве овие месеци бараат настава со физичко присуство. Прашуваат дали е можно ако во одделението се пријават повеќе од 20 деца, воопшто да не се дозволи настава со физичко присуство или можеби како што велат ќе биде по принципот кој прв се пријави, тој ќе оди во школо.

-Има се уште доста нејаснотии, за кои веруваме дека во нардните денови ќе слушнеме и поконкретни одговори токму на овие прашања. Во ниту еден случај не сакам моето дете да ја следи наставата онлајн иако имаме можности за тоа. Но школо си е школо и на учениците местото им е во клупите. Пример за тоа е и Србија. Алал да им е. И покрај многуте новозаразени секојдневно, 97 проценти од родителите одлучиле децата да си ја следат наставата со физичко присуство. Ова може да трае со години, па не е во ред да седиме дома и од дома се да се прави, да се учи, да се купува, да се работи....Јас сум убедена дека протоколите кои ги подготви Комисијата за заразни болести се одлични, а ако навистина нашите деца ги почитуваат онака како што треба, ризикот за зараза е сведен на минимум, вели соговорничката на Фактор, мајка на ученичка во осмо одделение.

Текстот продолжува на Фактор.мк