Наставник Гоце Бумбароски: Оценките се важни, но исто така важно е писхичкото здравје и чувството на среќно детство

Градејќи го имиџот со неговиот креативен начин на работа, наставникот Гоце Бумаровски од Прилеп во изминативе десет години, стана еден од најпопуларните и најпочитуваните наставници кај нас. 

Низ игра и на иновативен начин, Бумбароски ги учи своите ученици од неговите почетоци, од 2011 година. Тој е авторитет пред неговите ученици, но и нивен другар, што е за децата најважно. Сепак, тој е скромен и не смета дека е поразличен од своите колеги.

Така на почетокот на оваа учебна година натсавникот сподели една многу важна порака за како што вели тој сите родители, а особено за оние кои имаат првооделенци годинава.