Наташа има 21 година и во врска е со 16-годишниот Марко: Кога ќе ги видат заедно, луѓето тврдат дека инфлуенсерката треба да заврши во затвор!
21-годишната британска инфлуенсерка Наташа Њукомб се најде
во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината романса со пет години
помладото момче Марко Витук. Имено, ова 16-годишно момче практично се‘ уште е
само тинејџер, па на многумина нивната врска во овој момент е непримерна, а
убавата русокоса добива бројни критики и навреди поради нивната разлика во
години.
Наташа Њукомб неодамна сподели на социјалните мрежи со своите речиси 300.000 следбеници дека има ново момче, Марко Витука, но по деталите за нејзината љубовна приказна, многумина ја нарекоа романсата „луда“, истакнувајќи дека таа пораснала, додека тој е „малолетник“.
Откако рече дека не е вознемирена од гневот на луѓето на TikTok, таа оттогаш се појави на „Blue Tick Show“ со нејзиното момче, каде што парот возврати на тврдењата дека нивната врска била „погрешна“.
„Јас сум во врска со некој кој е пет години помлад од мене и знам дека многу луѓе ќе имаат свое мислење за тоа и сосема со право, ти е дозволено да го имаш своето мислење, тоа е твоја слободна волја“, рече таа на популарниот подкаст на YouTube, чиј домаќин е Мајки Мелин.
„Иако мојата врска е многу нова, само треба да кажам дека ова момче е навистина најзрелата, најљубезната личност со која сум била во врска“, рече таа.
„Нема да толерирам омраза насочена кон мене, моите пријатели или семејството“, додаде таа.
Таа објасни и дека се запознале откако се допишувале на мрежите.
„Му кажав на Марко дека ќе одам на ручек со него, не го гледав тоа како средба или било што“, објаснила Таша, пишува Најпост.
„Исто така, не бев сигурна дека ќе го сретнам затоа што никогаш во животот не сум се запознала со некој помлад од мене. Не знаев какви предизвици ќе донесе тоа, но без разлика, сега сум во врска со него“, рече таа.
„Тоа е мојот живот, ќе го живеам животот како што сакам да го живеам. Ако одлучам дека сакам да бидам во врска со него, можам бидејќи тоа е легално. Без разлика дали мислите дека тоа е морално правилно или не, тоа е легално.
Многумина од „хејтерите“ кои реагираа на веста за новиот пар беа револтирани од разликата во годините, а некои се запрашаа: „Дали е ова легално?“
„Тој штотуку ги заврши школските испити“, коментира еден. „Дали треба да ја прашаш мајка му дали може да излезе надвор“, се пошегува друг.
Фото: Инстаграм