„Не барајте премногу - не можете да ја платите цената“: Предвидувања на баба Ванѓа за животот
Зборовите на баба Ванѓа секогаш не удираат
директно во срцето, во најтенките жици на душата - заради нивната вистина и
искрената добрина што потекнува од нив. Ве потсетуваме на некои нејзини
најсилни предвидувања, кои не ја изгубија својата сила со текот на годините,
туку напротив - станаа уште порелевантни.
"Нема човек што се раѓа само со среќа. Еве -
еден е роден одличен работник, но нема среќа во семејството. Друг ги има и
двете, но нема здравје. Трет е здрав, но неговите деца се болни итн. Постои добро
и зло кај секоја личност, така функционира светот ...“
„... Некои луѓе мислат дека ако имаат пари, можат
да купат љубов, но тоа е ветер. Њубовта со пари не се купува. Или тој мисли
дека кога ќе се збогати, сè ќе биде добро, но тоа не е точно. Тој работи,
човекот работи, акумулира пари и работи и потоа ги зема и умира и остава сè на
некој друг. Тој што собира многу, никогаш не ги користи. Друг жнее плодови на
неговиот труд. Затоа е поправилно: не акумулирајте, парите се средство за
егзистенција, користете ги секој ден… “
"Постојат периоди на потешкотии за секоја
личност. Дури и за најбогатите и најсилните. Затоа, мора да се стремиме да
бидеме понизни за да не умреме во рацете на злото"
„Никогаш нема да заработиме пари ако не ја завршиме
вистинската работа. Прво човек мора да разбере што најмногу сака да прави и да
не биде роб на модата или на нечиј совети“
"Не мрмори против страдањата што ги
доживуваш. Страдањето е средство за прочистување, како облека што не е чиста
ако не се измие"
"Мајките се несреќни затоа што нивните
сопрузи не ги почитуваат доволно. Мажите пак сметаат дека се венчале само затоа
што морале да одат по тој ред. Возрасните се несреќни што младите не ги
почитуваат. Никој со никого не е близок. Луѓето веќе се заинтересирани само за
пари. Тие мислат дека ако имаат пари, сè ќе биде добро. Тие не знаат дека еден
ден овие пари нема да им бидат од корист ... "
„Сиромаштијата е цвет, не радувајте се на
богатството. Сиромаштијата ве тера да уживате во децата, пријателите,
роднините. А богатството душата се разболува“
„Оној што краде, ќе плаче за здравје “
"Понекогаш сум многу нервозна а луѓето мислат
дека сум лоша. А јас ја гледам околината и обрачот, кои постепено се стеснуваат
околу земјата, го доживувам страдањето на сите луѓе и не можам и не се
осмелувам да го објаснам, бидејќи многу строг глас постојано ме предупредува да
не се обидувам да објаснам ништо затоа што луѓето го заслужуваат животот што го
живеат. Како да им помогнеме на оние луѓе кои сè повеќе не почитуваат никого,
тие се натпреваруваат за да се здобијат со пари и предмети “
„Не барајте премногу - не можете да ја платите
цената“
"Не постои лукав човек, ниту најголем, кој ја
надминал својата судбина. Тој ќе измами онолку колку што Бог му дал“
"Нека секој знае дека ништо не останува
неплатено во овој свет. Луѓето прават кривични дела и мислат дека никој не ги
видел. Не е така! Сè се гледа и доаѓа време кога виновните мора да
платат!"
"Работете наутро и во текот на денот. Никогаш
во вечерните часови. Силите одозгора не помагаат навечер и без нивна помош не
може да се роди ништо големо"
ФОТО: Screenshoot/ History