Не чувствувам болки: Стоилов по операцијата

Македонскиот ракометен репрезентативец Столе Стоилов одлично заздравува по успешната операција на коленото. На напаѓачот на европскиот шампион Вардар, веднаш по големиот успех на клубот, во Клиничката болница Аџибадем Систина му беше изведена интервенција со која е санирана повредата која предизвикувала силни болки во ногата.

Интервенцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, трауматолог, кој вели дека се поминало во најдобар ред и дека Стоилов веднаш може да почне да вежба и да оди на физикална терапија. „Не чувствувам болки“, рекол тој.


Тоа ќе биде дел рехабилитацијата иако познатиот ракометар уште веднаш изјави дека се чувствува многу добро и дека е ослободен од болката која му ги отежнувала тренинзите, натпреварите на теренот.