НЕ Е МОЖНО ПСИХОЛОГОТ И ПЕДАГОГОТ НА УЧИЛИШТЕТО ДА НЕ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ДЕКА СО КОСТА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД - српски професор по психологија со критика

Постојат показатели дека некој има растројство на личноста и не мора да сте психолог или психијатар за да го забележите тоа нарушување.

Психолозите се согласуваат дека мора да постоеле знаците дека Коста К. има растројство на личноста. Според училишниот психолог Марија Миленковиќ, единствено прашање е дали „некој сакал да види“ дека Коста има некакви проблеми.

„И училиштето и родителите можеле да го забележат тоа. Ако не се согласувал со другите деца, ако имал некоја инфериорна особина на личноста, морало да има реакција. Секако дека родителите биле тие што требало да реагираат на индикаторите прво... Сигурна сум дека има некаква документација која ја кажува причината зошто Коста го сменил одделението и што следи по овој случај. Увидот дефинитивно треба да ги утврди сите детали“, изјави Миленковиќ за Информер.

Професорот по клиничка психологија д-р Радомир Чолаковиќ објаснува дека е неверојатно што никој не забележал нешто сомнително во однесувањето на Коста.

Детали на Фактор.мк