Не е срамота да се копаат компири: Тијана Дапчевиќ во одбрана на Нина Бадриќ и уметниците
Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм по повод сè почестите критики на сметка на музичарите за „лелекањето“ затоа што немаат можност да работат поради пандемијата на коронавирус, изјавувајќи дека „не е срамно да се копаат компири“.
Потегот на Тијана следува особено по коментар на жена од Хрватска, кој се расшири на социјалните мрежи и медиуми, а во кој ги поканува Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее последниве четири месеци. Нина Бадриќ, ја повика и хрватската влада да обезбеди помош на музичарите во таа земја.
Ви го пренесуваме статусот на Тијана Дапчевиќ:
„Компири… Па, што сега? Не ме мрзеше, скролав до 21 август 2012 година, само за да ја најдам оваа фотографија. Ние не правиме уметност затоа што се срамиме да копаме компири или да не ги валкаме рацете и облеката, туку затоа што тоа го сакаме “, напиша таа и додаде:
Не ја сакам музиката, ја дишам. Не можам без неа, го слушам звукот во сè и пред сè. Јас не одам на ниту еден мој концерт со став „ајде да го завршиме тоа, и да си одиме“. Не одам да завршам нешто, туку да направам забава. Да ја видам секоја ваша реакција, како пеете заедно. Моја работа е да ви ги направам убави тие два часа. Кога ви е убаво, добивам енергија да ја придвижам планетата, така се чувствувам “.
Важно е да ја почитуваме секоја работа што некој одлучи да ја работи. Или не одлучил, но неговата сегашна состојба го „решила“ тоа за него, па тој успева како може сè додека не може да го прави она што го сака. Никој не ве спречува да се бавите со музика (што може да се види по она што е во тренд), никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате целосно право да правите што сакате… едноставно е срамота да го искористите тоа право за да копате во животот на другите луѓе и да посеете завист и да се радувате на фактот дека некој е без работа поради моменталната состојба “, додаде таа.
извор:nova.rs