Не можев да одам од болка, ама сјајче на устата морав да си ставам: Кристина Арнаудова раскажа за раѓањето на вториот син
Кристина Арнаудова во јавноста е позната како пејачка, авторка и голем хуманитарец.
Таа е среќна сопруга, но и горда мајка на два сина, Максим и Матео, од кои едниот , помалиот полни 7 години.
Во пресрет на роденденот на Матео, Арнаудова на Инстаграм сподели како изгледало доаѓањето на свет на нејзината втора среќа.
„26 јануари, 2016, легнав да спијам. Имав закажано царски рез на 27 утрото. Ама нешто почна интензивно да се движи. Станав, се прошетав, викам ќе помине. Пак легнав. Пак нешто чудно почна да се дешава. Контракции. Ок,си викам, од контракција до породување има време. Смирено станав, му соопштив на маж ми дека изгледа решил дечкото да излезе. И се јавив на Бица, другарка ми, која живееше до мене у другата зграда, да дојде да го чува Максим, за да заминеме во болница. У меѓувреме почна многу често да се јавуваат контракции…си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо се да се деси. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна. Докторката на телефон, вика јас тргнувам и ти брзај. Си викам , шо паничи женава….Ок е ќе стигнеме… се облеков, Бица стигна, влегов у лифт и тука сфатив дека веќе неможам да одам од болка . Седнав у кола, си земав некоја шминка, ставив сјајче на устата,и малку руж,оти срамота да ме види таква прв пат син ми нели . У меѓувреме почна детево да се бори јако. Дури стигнавме до болница,едвај стигнав до соба. Ама нема слободна сала, а женава готова е, вика сестрата. Тука више не ми беше до шминкање, само врискав. На секоја минута . Не знаев дека така болело. Сестрата вика кога брзо се отвараш многу боли. Викам знам,сфатив…. Пред мене стои маж ми, и пробува да е хумористичен како секогаш, ми вика диши, вака (покажува како ) , како во филмовите! А јас му се дерам море мрш, ти ќе ми кажеш . Па и ме слика. Уште нема слободна сала. Докторите уште се на пат да стигнат. Детево само шо не излегло. Се тоа за 40 минути. Стигнуваат докторите. Едвај стигнуваме до празна сала. Јас на секој два чекори застанувам пошто на секои 30 секунди контракции. Се собираат докторите. Маж ми малку пребледен ме испраќа, му викам смири се, се ќе биде добро ( нормално дека јас него го смирувам, којзнае колку му било тешко на човекот). Матео се роди во 03,40 на 26 јануари, така си реши. Докторите закон, др.Елена Петрова, што ме породи со двете деца, без неа не сакав да се породам. Ја поздравувам! И ете 7 години од се ова, од оваа слика, Матео полни 7 години! Најмилото бебе, сестрите велеа и намирното…Среќен 7 Матео! Те сакаме! Љубов си!“ - напиша пејачката на Инстаграм, во продолжение на фотографијата.
ФОТО: Инстаграм