„Не нѐ интересираше полот, само тоа дали има раце, важно ни беше да не е родена како мене“: Девојката со крилја и сопругот открија детали од ултразвукот
Дејана Бачко попозната како „Девојката со крилја“ е родена без горните екстремитети, но тоа не ја спречува да живее сосема нормален живот и да се занимава со секојдневните активности, помали успеси во паратаеквондо, а минатиот февруари стана мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Марко имаат мало девојче на кое го крстија Лара, а сега во подкаст се присетија кога била бремена и раскажаа сцена од ултразвучниот преглед.
Парот признава дека биле малку загрижени дали се е во ред со бебето, а кога докторот прво ги прашал дали сакаат да го знаат полот на бебето, апсолутно не им било важно, туку ги интересирало само дали бебето има раце.
„Направивме ултразвук и сега го гледаме бебето и докторот не прашува дали нè интересира полот, ние рековме: „Каков пол човече не интересира дали има раце, дали е се во ред“ , раскажал Марко, на што Дејана додала:
„Се шегувавме на тоа, но кога бев бремена беше само прашање како ќе се роди бебето, важно ни беше само да не се роди како мене“, додала девојката со крилја.
Сепак, Марко истакнува дека ниту тоа не би го спречило да го задржи бебето.
„И знаете каков беше мојот став? Што и фали на неа, реално? Ако се друго е во ред, ако е тоа најлошото што може да биде, јас потпишувам, се согласувам, но фала му на Бога се беше во ред", вели тој.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs