Не ни помислуваат на брак: Холивудска љубовна приказна која трае 35 години

Добивај вести на Viber

Голди Хон и пет години помладиот Курт Расел минатата година одбележаа 35 години заеднички живот. Оваа актерска двојка ја има една од најстабилните врски во Холивуд, иако по претходните пропаднати бракови (таа има дури два развода позади себе) одлучиле никогаш повеќе да не застанат пред олтар. 


„Бракот е интересен социолошки феномен. Ако имате потреба да бидете врзани за некој, тогаш е важно за вас да се венчате. Ако сакате да бидете слободни, имате доволно пари и ја сакате својата независност, тогаш знајте дека тоа го немате во бракот“, изјави 72-годишната Хон, која повеќе од три децении е во вонбрачна заедница со 67-годишниот актер Курт Расел.

Голди Хон од 1969 до 1976 година била омажена за Гас Триконис, а од 1976 до 1982 за Бил Хадсон. Од 1979 до 1983 година и Расел бил во брак со Сизон Хабли, со која има син Бостон.


Можеби својата врска никогаш нема да ја официјализираат, но на нив не им е потребен олтар и закони за да бидат среќни.

„Среќни сме и заљубени. Сакам да бидам со него, секое утро ми донесува кафе. Се сакаме, но и се караме како и секој пар. Го сакаме животот кој го живееме заедно“.

Голди и Курт се запознале во 1968 година, на снимањето на филмот „The One and Only, Genuine, Orginal Family Band“, иако нивната врска започнала една година подоцна, Голди била воодушевена од Расел.


„Јас имав 21 година, а тој 16 и мислев дека е неодолив, но и премлад за мене. Кога повторно се сретнавме, по неколку години, веднаш ми се допадна. И двајцата си ветивме дека нема да имаме врска со други актери, но никогаш не вели никогаш“, изјавила актерката за „Би Би Си“.

Наводно, нивната врска започнала многу лошо, следена со мамурлак на Расел, кој знаел ноќта да се напие.

„Се пробудив со многу лош мамурлак, а  не ја познавав добро Голди. Имаше невероjатно  тело и првпат кога ја видов и реков: Какво тело имаш. Го изговорив тоа пребрзо, па дури подоцна сфатив што сум кажал, а таа ироничено ми се заблагодари“, раскажал Расел во едно интервју.

Три недели подоцна, Голди го замолила Расел да ѝ даде часови за танц, тој прифатил. Но, не вежбале танцување, туку долго разговарале. Својот прв состанок им бил во клуб, а завршиле во куќата која Голди ја купила.

Во времето кога ја започнале врската Голди Хон имала две деца, а вистинскиот однос на Расел со нејзините деца направиле таа да сфати дека тој е вистинскиот.

Иако никогаш не се венчале, секогаш си биле верни еден на друг.

„Тоа го зборувам 35 години – мислим дека Голди и јас немаме ништо поразлично од другите парови. Поминуваме низ исти работи. Но, важно е да знаете дека во секоја врска има успеси и падови, само треба да го надминете тоа. Брак е институција, но и двајцата сфативме дека не сакаме таква институција.  Да не ме разберете погрешно, бракот не е ништо лошо, можеби еден ден ќе го направиме и тоа. А ако го направиме тоа, нема да правиме спектакл, туку ќе биде нешто за нас, објаснил Курт Расел.