Не плачам повеќе: Наташа Беквалац си ја отвори душата

Добивај вести на Viber

Наташа Беквалац снима спот за темата „Мала плава“ кој фановите ќе имаат можност премиерно да го погледнат на нејзиниот роденден - 25 септември. На еден од сетовите, српската поп-ѕвезда за „Блиц“ конечно проговори за тешкиот период и порача дека не планира повеќе да им се навраќа на погрешните избори.

- Не плачам повеќе. Почнав многу повеќе да ја ценам својата работа и сфатив дека не би можела да живеам без музика. Немам многу време да се навраќам на минатото, на погрешните избори и на лошите луѓе. Имам две деца на различна возраст на кои морам максимално да им се посветам и професија која ја обожавам, така да се фокусирав на ќерките и на кариерата. Уживам во се што во моментот ми се случува - раскажа Беквалац.