Не сакаат повеќе да ја видат: Синовите на Бритни се селат на Хаваи

Добивај вести на Viber

Бритни и официјално ќе ја прекине комуникацијата со своите синови, пренесуваат странските медиуми. Она што е познато е дека тие се селат на Хаваи со нивниот татко.

Уште од мај годинава Бритни повеќе нема контакт со синовите Шон и Џејден, а неодамна изјавија дека не сакаат повеќе да ја видат затоа што им смета нејзиното однесување.

Синовите, Кевин Федерлајн и неговата партнерка Викторија Принс ја напуштија Калифорнија и заминаа за Хаваи каде изнајмија стан додека не најдат трајно решение.

На Шон и Џејден им смета непримерното однесување на Бритни и нејзините објави на социјалните мрежи. Медиумите пренесоа дека очекуваат и Бритни да се јави со објаснување.

Инаку,  Бритни и Кевин се разведоа во 2007 година. Договорија заедничко старателство на децата, се додека судот не ја промени одлуката и му го додели на Кевин целото старателство, поради наводите дека пејачката користела разни супстанци и алкохол.

Фото:youtube/screenshot