Не сакала да се вакцинира бидејќи се плашела од несакани ефекти: Синот ја заразил со вирусот, починала од делта сојот

Добивај вести на Viber

Мајка на две деца од Мисури, која не била вакцинирана против вирусот корона, бидејќи се плашела од несакани ефекти, починала откако се заразила со делта сојот.

Триша Џонс (45) не сакала да ја прими вакцината откако слушнала извештаи за луѓе кои страдаат од ретки несакани ефекти, како што се згрутчување на крвта или воспаление на срцето, и решила да почека.

Сепак, во пролетта оваа година, таа се заразила со делта варијанта на ковид19 и никогаш не се опоравила, пренесува FOX 4.

Таа била хоспитализирана следниот месец, била ставена на апарати за дишење и набргу потоа починала.

Нејзиното семејство сега апелира до јавноста да се вакцинира или да ризикува да се разболи од ковид како Џонс.

Нејзината мајка Дебора вакцината ја примила на пролет, кога нејзината возрана група била на ред. Сепак, нејзината ќерка била неодлучна и сакала да почека.

„Таа се плашеше од несакани ефекти“, изјавила Дебора за FOX 4.

Во април, синот на Триша се разболел од вирусот во средно училиште, а подоцна било откриено дека неговата инфекција е поврзана со сојот делта.

На Триша и нејзиниот сопруг Кит наскоро им се слошило.

- Откако се разболе, таа ми рече дека сум во право за вакцината, маските и другите работи. И реков дека не сакам да бидам во право, само сакав да биде добро - рече мајката на Триша.

Нејзината состојба брзо се влошила, таа била пренесена во болницата и ставена на апарати за дишење на 13 мај.

Иако симптомите на Ковид во голема мера исчезнаа, нејзината респираторна состојба не се подобрила и починала на 9 јуни.

Нејзината смрт се случила во време кога делтата е прогласена за доминантен вид на вирусот во САД, што претставува 51,7% од сите нови инфекции, според Центрите за контрола и превенција на болести.


Извор: телеграф.рс

КЛАСТЕР ВО СЕМЕЈСТВО СО ДЕЛТА СОЈ: Во приватна болница во Скопје хоспитализирана трудница и уште еден член на семејството, не биле вакцинирани