„Не сакам да го земам презимето на мојот сопруг по бракот, ќе го задржам моето бидејќи ниту тој нема да се откаже од своето“

Добивај вести на Viber

„Јас сум последната во семејството која го носи ова презиме и нема да го менувам со нешто што не ми се допаѓа“, вели Клаудија Соколова, која е горда на своето руско презиме.

Идната невеста Кладуија Соколова (25) раскажа како другите ѝ рекле дека бракот со нејзиниот вереник Нико е „осуден на неуспех“ доколку таа не го земе неговото презиме. Но, без разлика на се‘, Клаудија сака да си го задржи презимето.

Таа вели дека на партнерот не му пречи таа да си го задржи презимето. Кладуија решила да го задржи бидејќи ниту нејзиниот иден сопруг не сака да се откаже од неговото.

View this post on Instagram

A post shared by claudia sokolova (@partygirlclauds)


-Повеќето мои пријатели го земаа презимето на нивниот сопруг и тоа е сосема во ред, но тоа едноставно не е за мене - додаде таа и рече дека поради одлуката добила многу коментари од други жени.

- Ми кажуваат работи како „го држиш мажот на тесен поводник“ и дека нивните партнери немало да се оженат со нив ако не го земале нивното презиме. Дури и навиваа за нашиот развод. Едноставно е сурово – вели Клаудија која е горда на историјата на нејзиното семејно име.

View this post on Instagram

A post shared by claudia sokolova (@partygirlclauds)


- Баба ми, која беше најдобра жена, ме научи да бидам секогаш своја и никогаш да не се потпирам на маж за да го добијам тоа што го сакам. Дедо ми, баба ми и мајка ми побегнаа во Австралија од комунистичкиот режим, си создадоа нови животи и среќна сум што се‘ уште го носам нивното презиме – заклучи таа.

Таа има намера да го додаде и своето презиме на своите деца, пишува „Дејли мејл“.


Фото: Инстаграм