Не сакав да умрам: Ја исфрли брзата храна и ослабна 82 килограми

Добивај вести на Viber

Алиша Мекнер (21) е класичен пример дека со режим на исхрана и со самоконтрола може да се постигнат импресивни резултати. Оваа млада Канаѓанка ослабнала дури 82 килограми откако успеала комплетно да ги промени животните навики - претходно само за ручек посетувала и по пет различни ресторани за брза храна.

Додека просечна жена внесува две илјади калории на ден, Мекнер само со еден оброк внесувала двојно. Поради неконтролираното консумирање храна носела XXXXL гардероба, поради која во училиште често била исмејувања, но и психички малтретирана.

Кога сфатила дека ѝ преостануваат само две опции - да се промени или да продолжи по старо и да се надева на најлошото, одлучила конечно да ги превземе работите во свои раце. Се запишала во локалната теретана и престанала да јаде брза храна. Целиот процес на слабеење транспарентно го постирала на социјалните мрежи каде имала поддршка од пријатели, но и од голем број непознати луѓе кои се соочуваат со истите предизвици, пишува „Дејли меил“.

Алиша не престанала да вежба, дури и кога се ослободила од вишокот килограми, со намера да стане квалификуван фитнес-тренер.

- Бев зависна од брза храна. Постојано бев на диета, но никогаш не издржував докрај. Еден ден за малку ќе се задушев со газиран пијалок. Имав 17 години и 171 килограм. Почнав да запаѓам во депресија, бев немоќна било што да направам. Мајка ми се плашеше дека поради тежината ќе умрам премлада. Изгубив 82 килограми и никогаш не сум се чувствувала подобро. Сега ме собира во фустан со конфекциски број 44 - вели Мекнер.