Не се осветувај кон никого, има Господ, гледа сè: Џокси со емотивна посвета за неговата почината мајка Гина

Добивај вести на Viber

Џина Папас Џокси и посвети емотивна објава на почината мајка Гина за нејзиниот роденден.

Џокси сподели црно бела фотографија од мајка му со годината на раѓање и годината кога починала, како и советите кои таа му ги давала додека тој бил дете.

Ја опишува како тивка, нежна, чувствителна мајка, но жена со големо срце. Со насмевка бесконечна, прегратка нежна да се стопиш во неа, и секогаш подготвена да ти укаже каде си згрешил и како треба да постапиш.

„Сакана и почитувана меѓу своите пријатели, соседи и роднини. Не ни бев свесен за нејзината големина, и како што велат “за големината на блискиот дознаваш дури тогаш кога ќе го загубиш“... Еднаш ми вели: Синко, секогаш кога ќе те погоди некоја тага, не паѓај, со крената глава да си, секој проблем има решение, и не гледај на луѓето од височина. Многумина се поприземни отколку што некој има високо мислење за себе. Помагај секому кому можеш, а кај што не можеш, гледај да не одмогнеш. Пред сè, биди човек. Ако те повреди некој, сврти се и не се расправај, ги има секакви, може само да ти наштети, а она што ќе ветиш, да го исполниш, затоа што така ќе ја добиеш довербата кај луѓето. Однесувај се кон другите онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе. Имај свое ЈАС, почитувај ги своите зборови, но и размислувањата на другите, слушај внимателно за да знаеш како да се носиш со решенијата. Не се свети некому, има Господ, сè гледа. Чекори храбро и чкрипи со забите. Твојата памет е доказ дека некои работи не се купуваат со пари. Еден ден сè ќе ти се врати.Среќен роденден мајко“, стои во објавата на Џокси.

Фото: Фејсбук