Не смее да ризикува: Меган Маркл ги откажа сите обврски поради проблеми со бременоста (ФОТО)

Foto: Printskrin Vaks lajv

Нема да ги остави работите на случајност!

Меган Маркл ги откажа сите обврски поради проблеми во бременоста. Откако го загуби своето бебе минатото лето, таа одлучи да го намали ризикот на минимум.

Имено, Меган и принцот Хари очекуваат уште едно дете, а парот го откри тоа на Денот на вљубените.

Подоцна беше откриено дека станува збор за девојче, сепак, парот се обидува да ги чува во тајност деталите за бременоста.

Британските медиуми наведуваат дека војвотката од Сасекс потешко ја издржува оваа бременост со несоница, бројни мачнини и главоболки, поради што ги откажала сите свои професионални обврски.

Откако се откажаа од титулата постари членови на кралското семејство, тие се преселија во Калифорнија во март 2020 година и токму ова отстапување им овозможува да ги чуваат тајните информации за бременоста и семејниот живот.


Можеби ќе ве интересира:

Се оствари она од што се плашеше кралското семејство: Малиот Арчи е копија на мама Меган Маркл (ФОТО)