Не сум исплашен, но мора да внимаваме: Еркан, лице од ранливата категорија граѓани

Својата тешка судбина, 28-годишниот Еркан Ќаил ја раскажа во искреното интервју за Женски Магазин. Неговата животна патека е тешка, но инспиративна. Поради лекарска грешка станува инвалид на 15 години, но и покрај препреките кои животот постојано му ги сервира Еркан е полн со позитивна енергија која несвесно ја пренесува на луѓето околу себе.

Како вработен во НЛБ нов пензиски фонд,  откако почнаа мерките за домашна изолација, Еко како лице од ранливата категорија граѓани, сега е ослободен од работа, седи дома и гледа да нема многу контакт со луѓе.

- Не сум исплашен, бидејќи моето мислење е ако е пишано нешто да биде, џабе е се. Но секако мора да внимаваме, иако сметам дека повеќе граѓани не ги почитуваат мерките. Апелирам сите да седат дома за да се заштитат прво себеси, па и сите други - вели тој за Женски Магазин.

Еркан преку ден најчесто седи во двор и за занимава на телефон. Ова се неговите предлози за да не ви биде досадно додека сте во домашна изолација: 

- Гледајте филмови, читајте книги, играјте друштвени игри со најблиските... сигурно може да најдете некоја занимација за побрзо да ви помине времето.

Д.Караташова