Не тепаше и мене и синот, избегав и се плашам дека ме прогонува

Добивај вести на Viber

„Го запознав пет месеци по смртта на мајка ми, бев ранлива, ми требаше некој. Мислев дека е добар, повлечен, сериозен, имаше секогаш стабилна работа- сето ова се квалитети на еден добар човек.

Почнавме врска, набрзо се венчавме, добивме дете. А, потоа почна насилството. Ме тепаше и мене и детето.

Вака за своето тешко животно искуство раскажала 32 годишната Н.С од Белград, за порталот „Жена- Блиц“. За нејзината приказна, вели дека е мачна, но по сѐ , таа се бори својот живот да го врати во нормала. 

„Никогаш не бев од оној тип на девојки кои одат од еден до друг маж, за мене постоеше само еден. И така, по еден месец врска, тој ме побара за жена. Живеевме кај мене, затоа што кај него немаше услови. Набрзо останав бремена.

Почна да ме навредува, психички да ме малтретира, да ми зборува дека не знам ништо и ништо не вредам. Кога се роди детето, уште третиот ден откако стасавме од болница, како да стана љубоморен на него. Ниту еден динар не донесе дома, ниту на детето нешто му купи. Ми помгаа татко ми и сестра ми. 

Во меѓувреме, мојот татко најде друга жена. Не исплати сестра ми и мене за да селиме од дома. Со сопругот заминавме вон Белград, каде што почнавме да градиме куќа. Истоварав камиони и чував дете. Немавме доволно пари, па морав да најдам работа.

Почна да ми префрла дека имам друг маж и дека го изневерувам. Редовно доаѓаше на работа да ме проверува, да види со кого сум. На детето почна да му зборува дека не го сакам и дека ќе го оставам. Детето беше истрауматизирано, еден ден синот ме праша: „Мама, што значи зборот кучка?“ Така дознав како ме викал пред него.

По некое време, почна да ме заклучува во соба и да ме турка. Ми се закануваше дека ако си заминам, тој е воено лице и може секаде да ме најде. Една вечер почна да ме дави, силно ми го притисна вратот. Не можев да дишам, ми се појавуваа точки пред очите, главата ќе ми пукнеше од притисок“, пишува Н.С.

Сфатила вели дека ако еднаш ја тепал, тоа ќе се повторува и понатаму. 

„Тоа не беше прв кога се обидуваше да ме задуши, но јас реков дека е последен. Ме спаси неговиот помал брат. Влезе во собата и го праша што прави. Ме пушти, но ми удри неколку шлаканици и ме фрли накај ѕидот. Дојдов некако до телефонот. Полицијата стаса на мојот втор повик. Видоа дека сум црвена и потечена и само ни земаа изјави. Дури утредента отидов во центарот за социјална работа, кога го носев детето во градинка. По два дена, решив да се спакувам и со детето да си заминам.

Не знам ни како стасав до станот кој го изнајмив. Патот беше долг, во главата ми се вртеше сликата како тој ме следи, си замислував дека ќе ни го препречи патот. Ми се враќаа неговите зборови: Ќе те најдам каде и да си, ќе ти ги  скршам забите и ќе пиеш од сламка“, додала жената.

Средбите со мажот потоа продолжиле, но на суд. Преку центарот за социјална работа, на детето му е дозволено да се гледа со таткото. Мајката вели дека синот се плаши од таткото и е вознемирен пред секоја средба.

„ Детето ми раскажа дека таткото го терал да трча во круг и да одговара на прашањата кои му ги поставува. Го прашувал кој доаѓа во нашиот стан и дали се гледам со некои мажи. Потоа, нелегално влезе на мојот Фејсбук профил и ја напиша адресата каде што живеам со моето малолетно дете. На мојот ѕид напиша: Секој кој сака ефтин секс може да дојде и да се јави. Го пријавив во полиција.

Неодамна, синот ми рече дека таткото го тепал затоа што на прашањето со кого сака да живее, тој одговорил: со мама. Го тужев и судот му го одзема правото да го гледа детето“, открива мајката. Таа вели дека денеска живее нешто помирен живот, но сето ова оставило длабока трага на неа.

„Срцето ми чука забразно кога на улица ќе видам некој кој чекори како тој или некој кој има слична форма на лицето. Кога ќе слушнам автомобил кој поминува покрај нашата зграда, помислувам дека е тој. Иако не сум го видела извесно време, сѐ уште живеам во страв и се прашувам: Што треба да се случи мијот син и јас конечно да почнеме да живееме нормално?“.