Не успеа да ја победи болеста: Почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба

Добивај вести на Viber

Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина во болница во Љубљана.

Легендарниот Бора Ѓорѓевиќ почина по тешко боледување, потврдија од „Рибљa чорба“.

„Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, се вели во соопштението на бендот.

Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.

Бора е роден во 1952 година во Чачак, а во поранешна Југославија остави голем белег на јавната сцена како рок-музичар и поет, а извесно време беше активен и на политичката сцена.


Поголемиот дел од својот живот го посветил на музиката, со која почнал да се занимава уште во тинејџерските денови, а во седумдесеттите бил член на бројни Чачански и белградски поп и рок групи како „Заједно“, „Сунцокрет“ и „Рани мрз“. “ (со Ѓорѓе Балашевиќ).

Сепак, најголема популарност стекна со групата „Рибља чорба“ која ја основа во 1978 година и со која сними бројни хитови.

Бора Ѓорѓевиќ, кој веќе неколку недели беше со лоша здравствена состојба и се лекуваше во болница во Љубљана.

- Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога бев признаен за почесен граѓанин. Јас сум од Чачак и работам привремено таму некаде, сите што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме таму засекогаш -изјавил Бора во една прилика.

- Тоа признание обично се доделува постхумно, а постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша и јас имам нешто слично во белградската зоолошка градина, има патека која се вика Борино сокаче – изјавил Бора.

На настапот во Чачак, песната „Две гитари“ што ја направил заедно со покојниот басист Миша Алексиќ, покрај тоа што ја отпеал, тој најпрвин им ја рецитирал песната на Чачани, оставајќи им последна желба.

„Прати го моето тело во Чачак, во Србија, срцето остави ми го во Љубљана, нека биде таму. Не фрлај пари, јас не сум толку важен лик“

- Таа песна извесно време беше хит во Чачак. Ќе биде интересно како звучи денес половина век подоцна. Чачак за мене е чиста емоција – изјавил во таа прилика Бора Чорба.

Фото: Фејсбук - Рибља чорба
Извор: Nova.rs