Не, зголемувањето на градите не е најпопуларен естетски зафат: На врвот на листата е најризичната постапка

Добивај вести на Viber

Липосукцијата го надмина зголемувањето на градите како најпопуларна форма на естетска хирургија во светот, поради зголемената загриженост за поврзаноста помеѓу имплантите и ракот, според неодамна објавениот извештај на Меѓународното здружение за естетска пластична хирургија (ISAPS).

Липосукцијата, како метод за контурирање на телото, учествуваше со 14,8 отсто од естетските интервенции во светот, додека еквивалентната бројка за зголемување на градите падна на нешто повеќе од 13 отсто. Само во 2021 година се направени над 30 милиони хируршки и нехируршки зафати, што е скок од 19,3 отсто во однос на претходната година.

Ботоксот сѐ повеќе се бара

Вкупниот број на хируршки процедури скокна за повеќе од 33 проценти помеѓу 2017 и 2021 година, додека нехируршките процедури (од кои најпопуларниот е ботоксот) се зголемија за повеќе од 54 проценти во истиот период.

Промената на врвот од ISAPS се препишува на зголемувањето на интересот за процедурите за контурирање на телото, како и на зголемената загриженост за можното влијание врз здравјето на имплантите. Во извештајот не се наведени видовите на липосукција одделно, а не е познато дали во бројките се вклучени липосукции кои се вршат како дел од „mommy makeovers“ и бразилско подигање на задникот.


Жените масовно ги отстрануваат силиконските импланти

Авторот на извештајот, др. Џанлус Кампиљо, кој работи како пластичен хирург во Италија, вели дека има голем скок во бројот на пациенти кои бараат да ги отстранат имплантите на градите, процедура која е зголемена за речиси 50 отсто ширум светот во последните четири години.


Меѓу најпопуларните зафати се операциите на носот и желудникот, пред се за „правење плочки на стомакот“. Операцијата на очните капаци беше трета најчеста процедура во светот и најпопуларна кај мажите. Извештајот исто така откри дека лифтингот на колковите е најбрзо растечката форма на естетска хирургија во светот. Тие, исто така, забележаа зголемување на употребата на хијалуронска киселина, која најчесто се инјектира како филер за лицето.


фото: youtube screenshot