„Не знам што ми е, мокра сум“: Јована Јеремиќ почна да се соблекува среде утринска емисија
Водителката Јована Јеремиќ собра грст комплименти, но и неколку критики за нејзиниот изглед во Утринската програма на Телевизија Пинк.
Јована Јеремиќ откако почна да работи на ТВ Пинк го привлекува вниманието на јавноста со своите изјави и комбинации на облека во Утринската програма која од неодамна ја води во петок, а не само во сабота и недела.
За неколку години колку што беше на розовата телевизија, имавме можност да ја гледаме Јована како се масира во студио, вози ролери, легнува на под, се смее, па дури имаше и расправија со сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, кој во гостувањето на Утринската програма најави дека ќе и ја намалена плата.
Сега на социјалните мрежи е во тренд нејзиниот утрински „изглед“ - златна кошула и ѕвонарки, кои ги истакнаа нејзиниот задник и нозе. Шетајќи низ студиото, таа неколку пати го сврте грбот кон камерата, а на Инстаграм објави и профилна фотографија на која доби грст комплименти, но и неколку критики:
„Немој од рано сабајле, „жити се“, но и еден смешен коментар „Поголема глава од задник“.
Покрја изгледот, Јована го привлекла вниманието и со нејзиниот гест кога почнала најверојатно да се поти среде програма во живо, поради што морала веднаш да се соблече. Го соблекла палтото и останала по маичка на прерамки.
„Што почна да се соблекуваш?“ - ја прашала една од гостинките, на што таа одговорила:
„Не знам што ми е, мокра сум како да сум била на тренинг, не знам што е ова“, објаснила Јована и ваквата состојба ја препишала на нејзината енергија.
„Изглеува енергија од мене“, рекла водителката.
Фото: ИнстаграмИзвор: Теlegraf.rs