„НЕЧОВЕК ОД МОИТЕ СЕНИШТА“ – ЈОВАН ИЛИЕСКИ
Оние кои бакнуваат без да им трепне, а потоа оставаат без да им трепне.
Таквите ко тебе се денес многу.
А треба да се малку.
Таквите ко тебе вооошто не се машки.
Воопшто не се луѓе.
Оние кои бакнуваат без да им трепне,
а потоа оставаат без да им трепне.
Ветуваат, лажат, љубат.
За последното не е сигурно.
Но, човек премислува пред да скрши,
ако е човек.
Тоа тебе те одделува.
Ти не си само немашко.
Ти си нечовек.
Од некому на којшто си му дал многу,
не се заминува туку така.
И сега кај жените те бие лош глас, така?
Затоа што ако си го направил на една,
си направил и на многу повеќе.
Си велам, да се сетев на време и
да ти кажев во лице дека си еден од моите гревови.
И дека грешам уште еднаш, поради тебе.
Ама тебе не ти беше грижа,
ниту за тоа што ме скрши,
ниту за тоа што гревев за тебе,
ниту за тоа што плачев по тебе.
Ти се виде лесно, и што побрзо истрча од мене,
за да не ти препознаам ни сенка.
А јас и сенка ти знаев,
не оти те сакав,
туку оти беше една од моите сеништа,
за кои никогаш не сум била сигурна
дали ги љубам, или ме прогонуваат.
Ги легнувам или ме легнуваат.
Ги кршам или ме кршат.
Грешка или казна ми се,
најголем грев
или
најголем благослов.
За Женски Магазин , поетот Јован Илиески