Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на Американ Арт Авард во САД: Некогашната шампионка во стрелање се закити со престижна награда

Добивај вести на Viber

Успешната ликовна уметница со голем број на престижни награди зад себе, Дивна Пешиќ – Грозданов се закити со уште една значајна награда. 

Уште еднаш се закити со првото место на натпреварот по уметност Американ Арт Авард со делото „Тајниот заговор“ - („The secret Conspiracy“ ) масло на платно.

Уметници од 72 земји се натпреваруваа на Американ Арт Авард 2023 година. 

View this post on Instagram

A post shared by Divna Pesic Artist (@divnapesic)



Пешиќ е родена на 22 септември 1979 во Кавадарци, Македонија. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, група македонски јазик и јужнословенски јазици со американски студии. Студирала и последипломски студии на Економскиот факултет насока Менаџмент во банкарскиот, профитниот и непрофитниот сектор при ФОН. Била вработена во Интернационал НИК АД - центар за дигитално архивирање и дистрибуција на информации како Раководител на сектор за деловни односи. Во 2007 година била ангажирана е и како ПР на машкиот кошаркарски клуб Фени Индустри кој ја освоил Шампионската титула и Купот на Македонија за 2007/2008 и Вице шампионска титула за 2008/2009. Таа е и заштитно лице за Македонија, Србија, Бугарија и Албанија на светскиот бренд Hollywood Nails.

Дивна Пешиќ е професионален спортист која се занимава со стрелаштво. Таа е најдобар стрелец на сите времиња со малокалибарска и воздушна пушка во Македонија со 37 државни рекорди во женска и машка конкуренција. Во 2008 била прогласена е за најдобар стрелец во Македонија во категорија на сениорки, а во 2009 станала актуелен државен првак во две дисциплини со малокалибарска пушка. Таа била Балкански шампион и двапати учествувала на Олимписките игри, Сиднеј, Австралија (2000) и Атина, Грција (2004) и има постигнато врвни резултати на европските и светските натпреварувања.

Со сликарство, техника масло на платно, започнала од 13-годишна возраст и има реализирано повеќе изложби во земјава и во странство.


Во 2013 година се преселила во Њу Џерси, САД. Омажена е со Блаже Грозданов со кој имаат два сина, Стефан и Виктор.

Дивна Пешиќ освоила неколку награди на Американските уметнички награди (American Art Awards) во 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година.

Таа го освоила првото место на Американските уметнички награди 2015 година во категоријата Апстракт со нејзината слика „Hard to Love You“, масло на платно и прво место во категоријата апстрактен експресионизам со нејзината слика „Fuel Your Life“, масло на платно. Пешиќ го освоила првото место во 2019 година со нејзината слика „Macedonian Treasure“. Таа била избрана за прво место на Американските уметнички награди за 2017 година, судии од 25 најдобри музеи и галерии низ САД и била прогласена за најдобар апстрактен експресионист во светот.

Една од нејзините слики, „Protecting my Pride“, е во сопственост на кралицата Елизабета и се наоѓа во Бакингемската палата. Уметничките дела на Дивна Пешиќ биле прикажани на најголемиот билборд во Менхетен, Њујорк, како избран уметник од целиот свет.

Дивна со сопругот и синовите живее и твори во Америка.


ФОТО: Инстаграм принтскрин