Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо: Игор Џамбазов за татко му

Добивај вести на Viber

„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.

Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот ...“

View this post on Instagram

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov)



Ова е пораката на Игор Џамбазов посветена на неговиот татко кој почина минатата година, на денешен ден.



Маестро Џамбазов целиот работен век го мина во македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Меѓу младите беше познат како иницијатор и диригент на детскиот фестивал „Златно славејче“.