Немаат заштитна опрема, медицинските сестри носат кеси за ѓубре

Во една болница во Менхетн во САД, медицинскиот персонал веќе нема опрема за заштита, па медицинските сестри се принудени да носат кеси за ѓубре за да се заштитат од коронавирусот.

Некои медицинските сестри ги обвинија одговорните за предизвикување смрт на еден од нивните колеги токму поради тоа.

„Болницата го уби и тие треба да одговараат за тоа“, рече една од медицинските сестри.

Друга медицинска сестра рече дека проблемите со недостаток на опрема не се нови и траат една година, поради што персоналот често пати бил принудувал да ги крие личните залихи и дека ситуацијата станала критична кога пациентите со вирус „Ковид- 19“ почнале да пристигнуваат во болницата.

Поради тоа, сестрите почнаа да носат кеси за ѓубре.

Целиот текст прочитајте го на Машки магазин